/

Одделот за ветеринарна дијагностика снабдува академски, јавни, приватни, индустриски и други трговски установи со дијагностички производи низ целата област на Централна и Источна Европа.

Нашето портфолио на врвни производи вклучува решенија за различни подрачја како што се програми за истребување/контрола, тестирање за заразни болести и патогени, откривање хормони, тестирање на перформанси, антимикробни агенси, ветеринарни лекови, откривање на остатоци и микотоксини.
Дополнително, нудиме конвенционални микробиолошки методи, системи на брзи тестови, ELISA тестови како и други иновативни молекуларни методи. Ова е дополнето со палета на инструменти и лабораториска опрема од едноставна ELISA опрема до автоматизирани процесори, PCR центрифуги и мултиплекс платформи. Како дополнување на основните истражувачки и лабораториски решенија, ние исто така нудиме целосни пакети за непосредно тестирање во самите фарми и ветеринарни клиники. Со обезбедување на инсталација на опрема, обука и услуги, ние ви помагаме во брзо реализирање на вашите проекти

Ние блиску соработуваме со нашите експерти од одделот за медицински науки, а тие може да понудат дури и поширока палета на истражувачки производи за сите животински видови.

Главни области

Biomedica нуди широка палета на серолошки произоди за заразни болести, како што се ELISA, тестови за имунофлуоресцентни антитела, вестерн блот и брзи тестови за одредување антитела наспроти бактерии или вируси.

Нашите тестови за откривање паразити и габи исто така се базирани на антиген ELISA метода.

Ние сме ваш партнер за:

  • Вирологија
  • Бактериологија
  • Паразитологија
  • Маркери за воспаление

Нашите комерцијални PCR тестови во реално време ви помагаат за брзо идентификување на патогени.
Покрај комплетите на тестови со висок квалитет кои ги вклучуваат сите потребни компоненти, нудиме издвоени реагенси за анализа и прибори за контрола.

За да го комплетираме пакетот, на нашите клиенти им обезбедуваме соодветни инструменти, пластика и други потрошни материјали.

Ние сме ваш партнер за:

  • Вирологија
  • Бактериологија
  • Паразитологија
  • Микологија

Biomedica нуди микробиолошки тестови и реагенси за дијагностика, вклучувајќи системи за микрорастворање, PBRT тестови, брзи тестови, медиуми, плочки подготвени за употреба и други реагенси.
Ние доставуваме инструменти за автоматско броење на вкупни клетки и ви помагаме да ги правите вашите сериски растворања лесно и точно додека штедите време и пари.

Нудиме доверливи непосредни тестови за откривање на конкретни патогени или маркери. Тие се базирани на високо валидирана имунохроматографија и комбинираат лесна употреба, чувствителност и специфичност. Нашите единечни и мултиплекс тестови се соодветни за брза дијагноза на самото место поради нивното лесно чување, транспортирање и ракување.

Biomedica обезбедува ELISA и брзи тестови за откривање на репродуктивни хормони.

Дополнително, исто така нудиме различни формати на тестови за тестирање на остатоци од антибиотици.

Biomedica нуди целосна палета на лабораториски инструменти. Нашето портфолио вклучува пипети и продолжетоци, софтвер за анализа на податоци, PCR центрифуги, мали ELISA читачи на микроплочи и целосно автоматизирани инструменти.

Покрај рутински дијагностички производи, ние исто така нудиме антитела со висок квалитет за различни апликации и животински видови.

За повеќе информации околу производите за истражување, видете го нашиот оддел за медицински науки: Врска до оддел за медицински науки

Нашето портфолио на производи ги вклучува сите типови на алатки за земање примероци од површини, контрола на воздух, како и производи за лична хигиена и дезинфекција.

Дополнително, програмите за профишенси тестирање и референтни материјали осигуруваат квалитет на вашата внатрешна лабораторија.