/

Во срцето на Европа

Biomedica е дел од AddLife Group, матична компанија која котира на берза и се состои од различни подружници во областа на медицинска технологија и лабораториска технологија. AddLife настојува да ги подобри животите на луѓето со тоа што ќе биде водечки играч кој креира вредност во Медицинските науки.

Biomedica е дел од AddLife Group, матична компанија која котира на берза и се состои од различни подружници во областа на медицинска технологија и лабораториска технологија. AddLife настојува да ги подобри животите на луѓето со тоа што ќе биде водечки играч кој креира вредност во Медицинските науки.

Ја комбинираме ИСТОРИЈАТА со ИДНИНАТА, и зборуваме различни јазици.

Ние го извлекуваме најдоброто од различните култури и… ГИ КОМБИНИРАМЕ.

Ние сме на врвот како дистрибутер на медицински уреди, ин витро дијагностика, производи за медицински науки, Biomedica имуноесеи и клиничка ИТ повеќе од 40 години.

Ние целиме високо за вас - наша визија

The fundamental principles of our company philosophy with
respect to the following aspects are summarized as follows:

01

Задоволство на клиенти

Задоволството на клиентите е нашиот најважен критериум за успех. Ние затоа се фокусираме на потребите на нашите клиенти во однос на квалитетот на производи, брзи и точни испораки, сеопфатна обука и последователен сервис, како и во обезбедување на чесен сооднос цена/перформанси. Во однос на насоченоста кон клиенти, суштинско е за нашата компанија да ги препознае тековните и идните потреби и побарувања на клиентите и пазарот. Затоа ние се обидуваме да изградиме и да одржуваме со нашите клиенти долгорочен однос ориентиран кон иднината. Особено во времиња на зголемена мобилност и флексибилност, ние сме особено заинтересирани за воспоставување блиска врска со нашите клиенти.

Комуникација

Тежнееме да бидеме флексибилна, транспарентна и вмрежена организација со отворена комуникација. Јасната корелација помеѓу целите на подинечните вработени и нивната интеграција во различните процеси треба да поддржи подобро разбирање на севкупните концепти и следствено да ја зајакне филозофијата на квалитетот. Обработка поддржана од ИТ, која ги придружува сите деловни процеси, треба дополнително да се развива и усовршува. Стандардизацијата и поедноставувањето на процесите се суштински во овозможувањето сите вработени да разберат како функционира целиот систем.

02

03

Обука на вработени

Квалификувани, мотивирани, одговорни и независни вработени се од суштинско значење за успехот и опстанокот на нашата група на компании. Затоа придаваме најголема важност на унапредувањето, понатамошниот развој и обуката на нашите вработени. Редовната ротација во рамките на групите има за цел да промовира чувство на насоченост кон заедничка цел. Заедничката надрегионална обука го зајакнува разбирањето на глобалните процедури во рамките на Biomedica групацијата и овозможува поблиска соработка помеѓу различните компании во групацијата. Треба да се зголеми активноста на меѓукомпаниските дејства.

Добавувачи

Во рапидно менувачки пазар со зголемен број на преземања и фузии на фирми, особено е важно блиску да се соработува со добавувачите. Бидејќи се очекува пазарно ориентирано однесување и успех, ние сме во се поголема мерка обврзани да наложиме строги стандарди за нашите добавувачи. Во принцип, ние бараме договори за дистрибуција кои ја опфаќаат целата наша област на продажба за да може да ги користиме синергиите помеѓу нашите пазари. Во смисла на независноста на Biomedica групацијата, ние исто така посветуваме голема важност да работиме заедно со неколку добавувачи на поврзани групи на производи. Се чини дека ова е корисен начин да одговориме на потребите на нашите клиенти долгорочно, без да бидеме зависни од еден добавувач и следствено да бидеме нефлексибилни. Компатибилните принципи за квалитет на нашите добавувачи , вообичаено базирани на ISO 9001, овозможуваат постојана и компатибилна политика за квалитет.

04

05

Работно опкружување

Најпосле, безбедноста и ергономијата на работното место ни се исто така важни. Оценувањето на работните места и редовната медицинска нега на работа, осигурува дека вработените може да работат во безбедно опкружување.

Извршен тим

Luca Marenzi, MBA

Генерален директор
Sales, Operations & Finance

Dr. Petra Wiedemann

Генерален директор
Product Management & Business Development

Комерцијален директор

Dr. Michaela Weblacher

Комерцијален директор
Sales, Application & Technical Service

Областни раководители

Dr. Michaela Weblacher
Head Of Sales
Австрија - Централна Канцеларија
Karin Rappich
Managing Director
Босна И Херцеговина
Vasil Deliganev
Managing Director
Бугарија
Maja Kovac
Managing Director
Хрватска
Ales Donat
Managing Director
Чешка Република
Karoly Toth
Managing Director
Унгарија
Vida Peeva-Naumovska
Managing Director
Северна Македонија
Norbert Krysiuk
Managing Director
Полска
Karin Rappich
Managing Director
Романија
Predrag Masic
Managing Director
Србија
Karl Hirczy
Area Manager
Словачка
Tadej Jesensek
Area Manager
Словенија
Sheila Huber
Area Manager
Швајцарија

Ние ги живееме нашите вредности

01

Меѓусебно почитување

Веруваме дека меѓусебното почитување и поддршка во рамките на компанијата се клучни за успехот.

02

Апсолутна сигурност

Веруваме дека нашиот исклучителен професионализам во поддршката на клиентите, вклучувајќи ги продажбата и услугите, може навистина да ги задоволи потребите на клиентите.

03

Зголемена флексибилност

Целиме да ги исполниме сите ваши потреби. Нашето професионално управување со производи и нашата внатрешна логистика осигуруваат и овозможуваат брза и лесна комуникација како и услуги и испораки на клиенти во 13 земји преку една точка на влез.

04

Унифициран тимски дух

Секогаш се работи за „нас“ – сакаме да овозможиме нашите вработени да имаат подобри перформанси како тим и консолидација на нивните идеи, мотивираност и искуство.

05

Иновации

Ние им испорачуваме најмодерна технологија на луѓето следејќи го нашиот корпоративен слоган „Глобални технологии - Локални решенија“. Biomedica го премостува јазот помеѓу глобалните добавувачи и локалните клиенти.

06

Progressive K.u.K Anesque

Почитувањето на историјата на нашиот регион и доживувањето на нашите различни култури и јазици се суштинскиот клуч на нашиот успех - продолжувањето понатаму со оваа мултикултурна база ни обезбедува единственост на која сме особено горди.
Ние сме на врвот како дистрибутер на медицински уреди, ин витро дијагностика, производи за медицински науки, Biomedica имуноесеи и клиничка ИТ повеќе од 40 години.

History