/

Нашиот оддел за индустрија и земјоделска храна снабдува академски, јавни, приватни, индустриски (фармација, козметика, храна, добиточна храна, млечни производи) и други трговски установи со дијагностички производи.

Наша мисија е да обезбедиме производи со врвен квалитет од различни меѓународни добавувачи бидејќи ние ги разбираме потребите на нашите клиенти кои работат во индустриско опкружување.

Добро обучените експерти на Biomedica ве поддржуваат со нудење флексибилни решенија прилагодени на вашите потреби. Ве запознаваме со нови методи и технологии, ви помагаме со планирање и можеме да асистираме во текот на реализацијата на вашите проекти. Со обезбедување инсталација на опрема, обука и сервиси, ја комплетираме нашата понуда да ви помогнеме во постигнување на брзи и доверливи резултати.

Главни области

Во лабораториите за млеко и млечната индустрија од суштинско значење е осигурувањето на квалитет. Од системи за земање примероци (шпатули, сунѓери) до подготовка на примерок, можеме да ви обезбедиме широка палета на соодветни и специфични системи за тестирање. Нашето портфолио вклучува контрола на микробиологија со ATP (тест на стерилност), тестирање по спецификација, брзи тестови и молекуларни (PCR) методи за патогени во храна.

Ако е потребно, ние исто така може да ви помогнеме во полесното и поточното вршење на вашите сериски растворања додека штедите време и пари, со користење на нашиот систем Dilucup од Labrobot.

Дополнително, нашето портфолио вклучува тестови за остатоци од антибиотици, откривање на алергени и откривање на Алфатоксин M1 во брз и во ELISA формат.
Нашата палета на инструменти исто така вклучува уреди за ефективна контрола на квалитет на воздух како што се семплери за воздух и бројачи на честички.

Ние сме ваш партнер за:

  • Откривање на патогени во храна (салмонела, листерија, бацил, ентеробактерија)
  • Тестирање на стерилност и тестирање по спецификација
  • Откривање на Алфатоксин М1
  • Алергени, антибиотици и адултерација
  • Собирање на примероци, подготовка на примероци
  • Меѓулабораториски споредбени тестирања, профишенси тестови

Biomedica нуди широка палета на производи и опрема за најкритичните области во индустриите за обработка на сите типови на храна и добиточна храна.

Понудата се протега од земање примероци, подготовка на примероци и тестови за хигиена на самото место до различни методи (брзи, ELISA, PCR) за главни остатоци и компоненти.

Бидејќи ние сме потполно свесни за важноста од чисти средини и производи без патогени, може да ви помогнеме со различни брзи молекуларни испитувања за проверка на микробиолошки параметри и гранични вредности. Ова опфаќа палета од едноставни препарати до целосно автоматизирани тестирања на стерилност или тестирања по спецификација.

Ако е потребно, ние исто така може да ви помогнеме за полесно и поточно вршење на сериски растворања додека штедите време и пари, со користење на нашиот систем Dilucup од Labrobot.
Дополнително, програмите за профишенси тестирање и референтни материјали осигуруваат квалитет на вашата внатрешна лабораторија.

Ние сме ваш партнер за:

  • Откривање на патогени во храна (салмонела, листерија, бацил, ентеробактерија)
  • Тестирање на стерилност и тестирање по спецификација
  • Антибиотици, адултерација, алергени, микотоксини, откривање на ГМО
  • Различни комплети за тестови ELISA вклучувајќи опрема
  • Различни комплети за тестови RT- PCR вклучувајќи опрема
  • Медиуми, додатоци, шпатули, сунѓери
  • Контрола на квалитет (тестови за перформанси, референтен материјал, контрола на квалитет на организми/соеви)

Како производител на пиво или пијалoци, особено сте свесни за тоа колку е важно да се контролираат сите критични области во производствениот процес.

Ние обезбедуваме голем избор на производи наменети за различни процеси во обработката на пиво, вино и пијалoци. Овие производи се протегаат од медиуми на дехидрирани култури и наменски медиуми за пиварство до потрошни материјали, шпатули и голем избор на опрема за различни параметри. Ова исто така вклучува тестирање на стерилност и тестирање по спецификација како и уреди за проверка на квалитетот на воздухот.

Секако, нашата палета исто така вклучува PCR методи за различни расипувачи и брзи тестови за палета на остатоци.

Ние сме ваш партнер за:

  • Откривање на патогени во храна (салмонела, листерија, бацилус, ентеробактерија)
  • Тестирање на стерилност и тестирање по спецификација
  • RT-PCR за откривање на расипувачи на пиво и вино
  • Медиуми за пиварство, додатоци, шпатули, сунѓери
  • Решенија за мониторирање на површини, воздух, истечна вода
  • CASY – постигнување контрола врз целиот процес на ферментација

Нудиме целосно решение за сите индустрии во област на пченка, житарки, соја и добиточна храна. Ова вклучува системи за откривање микотоксини и ГМО, откривање на алергени и антибиотици, како и реагенси за активност на уреаза.

Важноста на откривање на салмонела во маслодајните семиња и добиточната храна е добро позната. Како резултат на тоа, ние во нашето портфолио имаме решенија за вас.

Ние сме ваш партнер за:

  • Контрола на контаминација со микотоксин и ГМО
  • Квантитативни решенија за микотоксини и ГМО со брзи тестови и ELISA
  • Откривање на патогени кои се пренесуваат преку храна, како што е салмонела во маслодајни семиња и добиточна храна
  • Референтен материјал и меѓулабораториски споредбени тестирања на анализи за микотоксин

HACCP игра важна улога за секој производител на храна и е неопходен систем за управување во индустријата за безбедност на храна.

Многу владини агенции бараат или ја прифаќаат усогласеноста со програмите на HACCP, вклучувајќи FDA и USDA.

Новиот закон за модернизација на безбедноста на храната (FSMA) наложува строги барања за добавувачите во прехрамбената индустрија за да се осигури усогласеност со принципите на HACCP.
Нашето портфолио на производи ги вклучува сите типови на алатки за земање примероци од површини и контрола на воздух, како и производи за лична хигиена и дезинфекција.

Ние сме ваш партнер за:

  • Мониторинг на животната средина како и следење и одредување на трендот на примероци
  • Тестирање на стерилност и тестирање по спецификација
  • Бесконтактен диспензер за дезинфекција

Потрошувачите очекуваат нивните производи за козметика и лична нега да бидат безбедни.

За да и помогнеме на козметичката индустрија да ги исполни овие очекувања, Biomedica нуди широка палета на производи за тестирање на стерилност/ тестирање по спецификација, алатки за мониторинг на животната средина, како и подготвени за употреба медиуми на култури, соеви за контрола на квалитет и лабораториска опрема.

Ако е потребно, ние исто така може да ви помагаме во полесното и поточното вршење на вашите сериски растворања додека штедите време и пари.

Ние сме ваш партнер за:

  • Сите типови на подготвени за употреба или суви медиуми и додатоци
  • Тестирање на стерилност, тестирање по спецификација и тестирање на ефикасност на конзерванси
  • Микроорганизми за контрола на квалитет, меѓулабораториски споредбени тестирања, профишенси тестови
  • Мониторинг на животната средина како и следење и одредување на трендот на примероци

Контролата на квалитет е најважниот дел во фармацевтската индустрија.
Не само што спречува производителите на лекови да испорачаат на пазарот потенцијално штетни стоки туку исто така ги заштитува крајните корисници/пациенти со осигурување на пуштање во промет на квалитетни производи кои ги исполнуваат претходно дефинираните високи стандарди.


За да ви помогне во вашите секојдневни предизвици во контролата на квалитет, Biomedica создаде сеопфатно портфолио на производи кое вклучува алатки за мониторинг на животна средина, медиуми со култури подготвени за користење, соеви за контрола на квалитет, лабораториска опрема како и реагенси и потрошни материјали за тестирање на ендотоксин.

Покрај нашето портфолио за контрола на квалитет, ние исто така сме среќни на фармацевтските клиенти да им обезбедиме производи кои ги зголемуваат нивните истражувачки напори и да им помогнеме во сите предизвици на развивање на производите.

Ние сме ваш партнер за:

  • Сите типови на подготвени за употреба или суви медиуми и додатоци
  • Тестирање на стерилност и тестирање по спецификација
  • Микроорганизми за контрола на квалитет и тестирање на перформанси
  • Тестирање на ендотоксин во крајни производи или во производи во текот на обработката
  • Мониторинг на животната средина како и следење и одредување на трендот на примероци

Biomedica нуди широка палета на производи и опрема за најголемиот дел од вашата секојдневна рутина на тестирање и дијагностика. Ние ги покриваме сите типови на примероци и параметри.

Без оглед дали ви е потребно тестирање на остатоци, патогени, стерилност, тестирање по спецификација или општи набавки за лабораторија - само контактирајте нè бидејќи ние сме секогаш тука за вас.

Ако е потребно, ние исто така може да ви помагаме во полесното и поточното вршење на вашите сериски растворања додека штедите време и пари.
Дополнително, програмите за профишенси тестирање и референтни материјали осигуруваат квалитет на вашата внатрешна лабораторија.

Нашето портфолио вклучува широка палета на опрема, како што се ELISA, PCR и сите типови на микробиолошки уреди (скенери за броење на плочки, растворувачи, мешалки).

Ние сме ваш партнер за:

  • Откривање на патогени во храна (салмонела, листерија, бацилус, ентеробактерија)
  • Антибиотици, адултерација, алергени, микотоксини, откривање на ГМО
  • Сите типови на подготвени за употреба или суви медиуми и додатоци
  • Тестирање на стерилност, тестирање по спецификација и тестирање на ефикасност на конзерванси
  • Тестирање на ендотоксин
  • Микроорганизми за контрола на квалитет, меѓулабораториски споредбени тестирања, профишенси тестови
  • Мониторинг на животната средина како и следење и одредување на трендот на примероци